Посине споменикот на мајката на Александар Македонски, Олимпија, која се наоѓа на плоштадот Карпошово востание. На спомениците на Олимпија и на малиот Александар може да се забележат сини дамки долж целото тело и нозете.
Скопјани кои ги затекнавме на самото место, се шегуваа дека и Олимпија најверојатно фатила морбили, алудирајќи на епидемијата во државата. Инвеститори на плоштадот се Општина Центар и Град Скопје. Плоштадот кој го направи власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, чинеше 6,2 милиони евра.
Хемичари за „Макфакс“ коментираат дека споменикот на Олимпија посинел на одредени места затоа што бакарот реагира со смогот што содржи сулфурдиоксид, па се создал бакарен сулфат.
Лани во септември е склучен договор за одржување на фонтаните, меѓу Град Скопје и друштвото за маркетинг КОМТЕК Стефан и други. Оваа фирма, според договорот, за сума од речиси 100 илјади евра за 4 месеци е задолжена да одржува 7 фонтани меѓу кои и Карпошово востание.
Васко Маглешов