ФОТО: Каруселот од плоштад преместен во паркот кај авионот во Аеродром

Од:

Од плоштадот во центарот на Скопје, вртелешките и возот се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се уште не се пуштени во употреба, а во паркот се подготвува теренот и за поставување на каруселот , дел од проектот „Скопје 2014“.

Детската вртелешка е во барок стил, со дрвена ротирачка платформа со фигури на коњчиња, кочии и чашки. Пред неколку дена беше отстранета од плоштадот, каде беше поставена пред пет години, а за неа јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ плати 162.600 евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје.

Пред една година кај црквата „Света Богородица“, спроти МНР, беше поставен и вториот карусел , во вредност од 180.000 евра, кој сега според најавите ќе биде преместен во паркот во населбата Чаир.

Каква ќе биде судбината на останатите обележја од контроверниот проект „Скопје 2014“ зависи од препораките на комисијата при Министерството за култура која веќе неколку месеци прави ревизија на постапките на поставување на спомениците и наскоро се очекува да излезе со податоци и препораки за можно отсранување и на другите објекти.

Од општина Охрид веќе најавија дека ќе бараат споменикот на Цар Самоил да биде преместен во Охрид, а претходно и општина Сопиште изрази желба да го преземе споменикот на Андон Јанев-Ќосето кој беше отстранет од пред Судската палата и на негово место беше засадено дрвото „гинко“ – симбол на човековите права.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски