Компанијата Ecosistema Urbano претстави свој изум – детски карусел што произведува енергија додека деца си играат на него.
Каруселот е поставен во Холандија.
Проектот е на иницијатива на Амстердамскиот завод за дизајн кои повикаа 10 европски фирми да направат иновативни проекти за игра, забава и за млади.
Сите проекти се наменети за плоштадот Говернеусплеин и имаат за цел зголемување на интеракцијата на жителите со опкружувањето.
Каруселот на себе има рачки за влечење и љуљашки. Се е поврзано со ситем што користи движења за проиведување енергија.
Енергијата што се произведува во текот на денот додека децата си играат на каруселот се складира во големи акумулатори поставени под него. Ноќе се вклучува лед-осветлување на каруселот. Колку повеќе децата си играат на каруселот, толку подолго ноќе ќе трае осветлувањето.