Споменикот на Мајка Тереза кој ќе се издигне неколку чекори од „Воинот на коњ“ ќе биде висок 32 метри, објави Libertas.
Инвестицијата е донација на индискиот милијардер и претседател на групацијата „Сахара Индија Паривар“, Субрата Рој, контроверзен бизнисмен и име за кое се поврзани бројни финансиски афери.
На ова место ќе се издигне дом каде ќе почива споменот за оваа голема и милостива жена.
– Оваа статуа која ќе и биде посветена предлагам да го носи името „Статуа на хуманоста“ – рече индискиот бизнисмен при поставувањето на камен темелникот на 25 јануари годинава, и кој истовремено многу ги пофали премиерот и Владата велејќи дека „не сретнал почесни, поамбициозни и попосветени политичари во светот“.