ФОТО+ВИДЕО: И ГТЦ ќе облече барокен плашт

Од:

Новиот изглед на Градскиот трговски центар ќе биде во барок стил. Покрај барокната фасада која ќе гледа кон Собранието, ГТЦ ќе добие три куполи, 10 антички столбови, а на покривот е предвидена тераса со голем број на склуптури.

Од сите страни ГТЦ ќе добие украси со бронзени елементи со златна боја – пренесува Алфа. Автор на идејните решенија е Жарко Чаушевски, кој каков автор се појави и на други идејни решенија за објекти од проектот „Скопје 2014“.

gtc-barok2

Новиот избор за нова фасада на ГТЦ доаѓа по неколку неуспешни обиди поради забелешки на Комисијата составена од неколку архитекти.

gtc-barok1

Конкурсите беа поништувани во зависност од решенијата. првиот пат не помина решението за ултра модерен трговски центар зашто било пријавено едно решение.

Образложението беше дека немало конкуренција, по што се сугерираше да се конкурира со решенија во барок и неокласичен стил.

gtc-barok

Градскиот трговски центар е изграден во 1971. година, а авторот Живко Поповски кој е починат, инсистираше да се зачува автентичноста на објектот и да не се менува.

Архитектите уште при најавата дека е можно да се менува ГТЦ во барок стил прашуваа во име на што се врши ваквата интервенција.

За архитектката Драгица Павловска, интервенцијата што ќе му се случи на ГТЦ претставува жална приказна, кој за неа претставува елегантен објект што е белег на Скопје.

– Вие интервенирате на ГТЦ во име на редизајн, во име на квадратура? Во име на што? Многу е тешко да се најде крајната цел на таа интервенција. Исто така, бесмислено е да му се се наметнува уметничкиот израз на еден архитект, кој треба да го осмисли решението, вели Павловска.


Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ