Од Вечерва на продажните места низ Скопје, а утре изутрина низ државата ќе излезе првиот број на неделникот Фокус по тримесечна пауза.
Новиот број донесува истражувачки теми, анализи, интервјуа, а како нов колумнист во весникот се промовира Синоличка Трпкова. Како гостин колумнист се јавува Ѓорѓи Спасов.
Новинарите Мери Јордановска и Владо Апостолов го исчитуваат новото ЕВАНГЕЛИЕ ПО ГРУЕВСКИ, Ирена Мулачка ги „бара“ наградените лекари од Тодоров, Сашо Димитров прашува каде плови бродот „Македонија“, Валентина Стојанчевска ја открива македонската „Мона лиза“ за која државата не одвојува ниту 1000 евра за реставрација.
На политичката сцена Влатко Стојановски пишува за политичкиот договор што го постигнале Заев и Груевски.
Се разбира „Фокус“ не би бил тоа што е ако го нема популарниот стрип за кој се задолжени Стевац и Јофе.
Воведничар во рубриката „За нештата да станат појасни“ е Главниот и одговорен уредник на Фокус Јадранка Костова.