Филипче и Сали први на распит кај Мизрахи: Анкетната комисија за Онкологија почна со работа

Од:

Анкетната комисија формирана за обелоденување на вистината за скандалот со онкологија со која претседава пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја одржи првата седница со единствена точка на дневен ред Предлог деловникот за работа на Комисијата.

– Јас како претседател на оваа анкетна комисија нема да дозволам во ниеден момент оваа комсија да се претвори во парасудски орган. Ние сме пратеници и политичари кои ќе бараат полтиичка одговорност со чинење или нечинење за скандалот на Онкологија. Бараме политчка одговорност, а таа е објективна. Од наодите на Анкетна комисија може да произлезат заклучоци кои ќе бидат основа за почнување постаока за утврдување на одговорност кај носителите на функции. Се надевам дека ќе предложиме решенија – рече Мизрахи.

Таа очекува веќе во вторник да продолжат со работа. Сите заменици и членови се согласиле да работат секој ден вклучувајќи и викенди ако работата тоа го побарува. Во меѓувреме таа ќе ги викне и поранешните министри за здравство Беким Сали и Венко Филипче затоа што смета дека членовите на комисијата треба се информираат не само од наодите на актуелниот министер, туку и од неговите претходници.

– Очекувам заклучоци за вистината и дали и во колкава мера е политичката одворност. Очекувам со заклучоците дека ќе превенираме вакви трагедии во иднина и се надевам дека ќе бидеме прва анкетна комисија со такви заклучоци кои ќе бидат имплементирани – додаде Мизрахи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски