Фетаи: Актуелниот Кривичен Законик не нуди многу за заштита од насилство врз жените

Од:

Кога се во прашање жените, актуелниот Кривичен Законик не нуди многу за заштита од насилство врз жените, истакна јавната обвинителка Фатиме Фетаи на стручно научна дебата посветена на „Родова еднаквост на жените и насилство: приоритет или предизвик“, организирана од Македонско научно друштво-Битола.

dobivaj vesti na viber

Според обвинителката Фетаи, во Кривичниот Законик има само една дефиниција за семејно насилство посочена во член 122 и затоа потребни се дополнувања со нова дефиниција за насилство врз жени.

-Актуелниот Кривичен Законик не нуди многу за заштита од насилство врз жени. Во Кривичниот Законик има само една дефиниција за семејно насилство посочена во член 122 со која како семејно насилство се дефинира малтретирање, грубо навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово и друго психичко или физичко насилство со кое се предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв…Но, со оглед дека нашата држава ја ратификува Инстанбулската Конвенција чија цел е заштита на жените и елиминирање на сите форми на насилство и дискриминација, како неопходна се наметнува потребата од соодветни измени во Кривичниот Законик, почнувајќи од воведување на дефиниција за насилство врз жени, покрај веќе постоечката дефиниција за семејно насилство затоа што во неа влегува само одредена категорија на жени. Со таа дефиниција за насилство врз жени ќе се прецизираат кршењето на човекови права и облик на дискриминација врз жените, и би се однесувала на сите форми на родово засновано насилство кое резултира или ќе резултира во повреда од физичка, сексуална, психолошка или друга природа и лишење од слобода кои се случуваат во јавниот или приватниот живот. Исто така потребни се нови облици за заштита од кривични дела како што се сексуално вознемирување и кривичното дело демнење, посочи обвинителката Фетаи и додаде дека за неа е неприфатлива познатата стара реченица –истрагата е во тек, и препорачувам рече таа, зголемување на итноста при постапувањето по кривични дела од ваква природа.

Пред членови на МНД-Битола и професори од битолскиот Правен факултет, стручни излагања презентираа и адвокатот Наташа Бошкова од Коалиција „Маргини“, Бојана Јовановска од Хелсиншки комитет за човекови права и Фатма Бајрам Аземовска, вработена во НУУБ-Битола и членка на здружението „Сумнал“.

-Во предвечерието на меѓународниот празник 8-ми Март отворивме повеќе прашања и низ дебата направивме обид да дадеме одговор или коментар за тоа дали нашето општество сериозно ја сваќа потребата од родова еднаквост. Но, исто така сакавме да се увериме дали заштитата од насилство врз жените е приоритет на хартија, а во појаснувањата ни помогнаа експерти учесници на онлајн дебатата која предизвика голем интерес, истакна д-р Невена Груевска, претседателка на МНД-Битола.

Модератор на стручно научната дебата на тема „Родова еднаквост на жените и насилство: приоритет или предизвик“ беше д-р Ангелина Станојоска, професор на Правен факултет при УКЛО-Битола.

Би можело да ве интересира

Поп ѕвездите во поддршка на кампањата за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња

Ана Ололовска

Не молчи, не дозволувај да бидеш жртва – им порачува на жените Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост

Жарко Настоски

Владата апелира правосудството брзо и одлучно да реагира на насилството врз жените

Жарко Настоски

Собранието го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

Пратениците расправаа за дополнетиот предлог-закон за спречување насилство врз жените и семејно насилство

Жарко Настоски

Заев: Ние мажите не смееме да бидеме неми сведоци на насилството врз жените

Жарко Настоски