А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство во првите шест месеци од годинава

by А1он05/12/2023 - 15:5205/12/2023 - 16:15496
Share0

Во 2023 година од јануари до јуни имало вкупно 712 новоевидентирани жртви, а психосоцијална помош и поддршка добиле 712 жртви на родово базирано насилство. Правна помош и застапување добиле 385 жртви. Парични права од социјална заштита добиле 47 жртви, информираше денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Вкупниот број на поднесени кривични пријави од страна на центрите за социјална работа против сторител на семејно насилство за непочитување на судска одлука за изречена привремена мерка за заштита, е 38. Од центар за социјална работа до суд – 798 привремени мерки за заштита, изречени привремени мерки за заштита од страна на граѓански суд – 649, поосчи Тренчевска.

Таа потсети дека воспоставени се 13 специјализирани сервиси за згрижување на жени жртви на семејно насилство и родово базирано насилство во шест плански региони – шелтер центри, осум советувалишта за жртви на семејно насилство, осум советувалишта за сторители на насилство.

Министерката денеска се обрати на настанот во рамки на кампањата „Сложувалка“ под името „Дискриминацијата, економската зависност и недовербата – корен на родово базираното насилство“ во организација на Министерството за труд и социјална политика и канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршката на Британската амбасада во РСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Настанот се одржува во холот на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари.

nasilstvo vrz zenirodovo nasilstvo

Би можело да ве интересира

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он05/03/2026 - 15:13

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски26/11/2025 - 08:0726/11/2025 - 08:08

Маж ја истепал поранешната сопруга и син ја истепал мајка си

А1он10/12/2021 - 15:28

Интензивна соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

А1он07/12/2021 - 16:05

Поп ѕвездите во поддршка на кампањата за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња

Ана Ололовска06/12/2021 - 13:40

Шахпаска – Пејчиновиќ Буриќ: Преку системски политики против дискриминацијата и насилството врз жените

А1он26/11/2021 - 15:2026/11/2021 - 15:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео