Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

Од:

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип бележи два случаи на семејно насилство во Штип и Виница.

Вчера во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 38 годишниот С.Д. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди констатирани во Клиничка болница Штип.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Вториот случај е во виничко село.

-На 04.03.2026 во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода 59 годишниот Б.Т. од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 3 март агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзиниот дом во селото, соопштуваат од СВР-Штип.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Се степаа сестри во Брвеница, браќа во Карпош, а брат нападна сестра во Гази Баба

А1он

Уапсени се десет возачи за безобѕирно возење

А1он

Уапсен 28-годишник во Врапчиште, кај него пронајдени марихуана и кокаин

А1он

Уапсен е австриски државјанин на „Табановце“, во неговото возило е пронајдено оружје

А1он

12 возачи уапсени за безобѕирно возење

А1он