Владата апелира правосудството брзо и одлучно да реагира на насилството врз жените

Од:

Согласно обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, Владата ги повикува обвинителството и судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство.

Владата вчера ја поздрави постапката на „Телеграм“ со затворањето на групата „Јавна соба” бидејќи недозволиво е пред очи да се случуваат кривични дела, а за тоа да нема соодветни реакции. Во исто време, потенцираме дека против осомничените и приведени лица и против сите оние што ги прекршиле македонските закони по повеќе основи, ќе бидат покренати соодветни кривични пријави со целосно документирани предмети и инсистираме истите да бидат водени преку соодветни постапки од страна на Јавното обвинителство и судот и за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот да следуваат соодветни казни, најитно можно.

Владата нема да дозволи ниту една форма на насилство или повреда на права на жени, девојки или кој било граѓанин, да бидат одмолчени или неказнети.

Севкупната домашна легислатива за овие прашања и усогласувањата со меѓународните конвенции за родово базираното и сексуално насилство се насочени кон искоренување на домашното насилство, сексуалното вознемирување, силување, присилен брак и сите други форми на родово базирано насилство преку интернет комуникациските канали, со драстични мерки и казни.

Одредбите од неодамна усвоениот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство јасно укажуваат дека насилството врз жените и семејното насилство не може да се сметаат за приватна работа и дека државата воспостави сеопфатни и интегрирани политики да превенира и да ги заштити жртвите на насилство.

Законот ги дефинира сите облици на насилство согласно Истанбулската конвенција, вклучувајќи и чекор повеќе во постапките за заштита на пријавувачите на овие појави како сериозни придобивки за жртвите и за брза реакција и постапувањето за секое сторено насилство.

Освен регулирањето на превентивните мерки што секоја институција во системот за заштита има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, посебно важно место доби законската обврска за брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот, во изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита.

Со уредувањето на подзаконските акти кое е во тек, судот ќе има обврска, веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување на итна мерка за заштита на лицата жртви на родово базираното насилство.

Дополнително, во вкупниот ангажман на Владата во однос на ова прашање, влегува и новата работна верзија на Казнениот законик (КЗ).

Со промените во КЗ се додава член 144А, во кој се вметнува терминот „Демнење”. Со него се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг, или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Убедени сме дека во сеопфатните процеси за сузбивање на овие појави значаен придонес ќе даде и воведувањето на сеопфатно сексуално образование кое има за цел да укаже и да превенира и вакви случаи.

Сите овие наши активности и пораки се пораки за охрабрување и за директна поддршка на жртвите на ова насилство. Ќе ги преземеме сите неопходни чекори да ги заштитиме и да ги казниме сторителите на овие грозни дела.

Нема да дозволиме општество на неми сведоци на насилството врз жените и девојките. Ќе го разобличиме и осудиме секое насилство сѐ додека не развиеме култура во којашто насилството врз жените и девојките е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски