Според послаедните податоци на статистичката агенција на Европската унија, Евростат, младите во земјава и во речиси сите земји во регионот, во просек го напуштаат домот на своите родители по триесеттиот роденден.
Покрај Македонија, ова се однесува и на Србија, Црна Гора и Турција, со тоа што младите во оваа земја си одат од домот на своите родители на возраст од 27 и пол години.
Во Македонија, младите просечно стануваат целосно независни на возраст од 31.8 години, во Црна Гора со 33,1, во Србија со 31,1 и во Турција со 27,5 години.
За Босна и Херцеговина нема податоци, но се претпоставува дека таа е на ниво на просекот на земјите од Западен Балкан.
Според податоците на Евростат, младите најрано го напуштаат домот на своите родители во Шведска, на неполни 18 години возраст, а во Хрватска, тие, слично како во Македонија, стануваат независни со наполнети 32 години.