ЕУ ги поздравува договорот и конструктивноста на Заев и Вучиќ

Од:

Европската унија денеска го поздрави решавањето на билатералното прашање меѓу Србија и Македонија.

По повод постигнувањето договор од пет точки меѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ, во Европската комисија оценуваат дека прашањето е решено со „конструктивен пристап“ од обете страни.

– Го поздравуваме фактот што овој случај е решен на конструктивен начин. Меѓусебната почит, добрососедските односи и јакнењето на регионалната соработка остануваат основа за европскиот пат на целиот регион, порача портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ во изјава за Танјуг.

Претходно таа порача дека ЕУ внимателно го следи развојот на ситуацијата меѓу Белград и Скопје, но одби да ги коментира билатералните прашања меѓу двете земји.

– Очекуваме двете страни да покажат воздржаност и да ги решат прашањата на мирен начин, во духот на добрососедските односи, изјави Коцијанчиќ претходно денеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Никогаш нема да се откажам од борбата против најлошите – блокадерите!

А1он

ЕК: Изборниот резултат е можност за напредок на Србија кон ЕУ

А1он

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски