ЕЛЕМ: Интервенција при самозапалување на турбинско масло во „Енергетика”, нема прекин во снабдувањето со струја и парно греење

Од:

АД Електрани на Северна Македонија соопшти дека нема прекин во снабдувањето со струја и парно греење откако при редовна процедура за чистење филтер за масло на турбогенератор бр.1, изутрината во 8.15 часот настанало протекување на турбинско масло и самозапалување во делот на ејекторите (машинска хала) во подружницата Енергетика-АД ЕСМ.

Од ЕЛЕМ истакнуваат дека имало интервенцијата при самозапалување на турбинско масло во „Енергетика“ и дека се работи на преземање мерки и активности за понатамошна заштита на турбогенераторот и останатата опрема од несакани последици.

При редовна процедура за чистење на филтер за масло на турбогенератор бр.1, изутрината во 8.15 часот настанало протекување на турбинско масло и самозапалување во делот на ејекторите (машинска хала) во подружницата Енергетика-АД ЕСМ.

-Со брза интервенција на вработените пожарот е локализиран, пред пристигнување на противпожарните екипите од кругот на Железара и на град Скопје. Исто така настанот е пријавен и во МВР-Скопје-ПС Гази Баба кои излегоа на лице место. За време на настанот и после настанот немаше прекин на преносно-дистрибутивниот систем за електрична енергија и нема прекин во снабдувањето и дистрибуцијата со топлинска енергија, соопштуваат од ЕЛЕМ.

Преку системот на Енергетика-АД ЕСМ, со парно греење се снабдуваат 3700 корисници во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Би можело да ве интересира

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Малото поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Жарко Настоски

Синдикат на ЕСМ: Правата на нашите членови се загрозени од лица кои се претставуваат во име на поранешниот синдикат на ЕЛЕМ

Ландов

ЕСМ потрoши 4300 евра за пет мобилни телефони за вработени

А1он