ЕКРИ заклучи дека Северна Македонија делумно или нецелосно ги спровела нејзините препораки

Од:

Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ), во рамки на петтиот циклус од мониторингот, ја обнови својата привремена постапка за времено следење која се применува на две конкретни препораки дадени во извештаите за Северна Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во својот извештај за Северна Македонија (објавен на 7 јуни 2016 година) ЕКРИ им препорача на властите да започнат со пополнување на сите слободни работни места во Канцеларијата на Народниот правобранител со цел да обезбеди соодветно ниво на персонал, со оглед на обемот на работа на оваа институција. Во оваа смисла, властите, исто така, требаше да и стават на располагање на Комисијата за заштита од дискриминација персоналот за административна поддршка.

ЕКРИ дошло до сознанија дека Министерството за финансии се согласило во 2017 година да пополни 10 слободни работни места во Канцеларијата на Народниот правобранител. Во август 2018 година, од вкупно 142 места во Канцеларијата на Народниот правобранител, како што е предвидено во регулативата за систематизација на јавниот сектор, 79 беа пополнети. Овој сооднос покажува дека и покрај доброто зголемување на бројот на вработени, човечките ресурси на Канцеларијата и понатаму претставуваат сериозна тешкотија.

Што се однесува до вториот дел од оваа препорака, властите и укажаа на ЕКРИ дека нацрт-ревизијата на Законот за заштита од дискриминација и нејзина превенција содржи одредба со која се обезбедува помошен персонал за стручна и административна и техничка работа на Комисијата за заштита од дискриминација. ЕКРИ ја поздравува оваа мерка, но забележува дека таа се уште не е усвоена или спроведена.

Притоа ЕКРИ истакнува дека горе наведените мерки остануваат недоволни, затоа смета дека нејзината препорака е делумно имплементирана.

Во истиот извештај, ЕКРИ препорача властите да спроведат сеопфатна и независна студија за сите форми на дискриминација на ЛГБТ лицата, во соработка со ЛГБТ заедницата. Оваа студија, исто така, требаше да го отвори патот за развој и усвојување на акционен план за ставање крај на овие форми на дискриминација.

Властите ја информираа ЕКРИ дека Министерството за труд и социјална политика, владиниот субјект одговорен за еднакви можности и политики за недискриминација, соработува со ЛГБТ заедницата. Но, таа исто така ЕКРИ дозна дека властите не спровеле сеопфатна и независна студија што ја препорачал за сите форми на дискриминација против ЛГБТ лицата.

Според тоа, ЕКРИ смета дека нејзината препорака не е имплементирана од страна на Северна Македонија.

Во согласност со информативниот документ за петтиот мониторинг циклус на ЕКРИ, со кој беше запознаен Комитетот на министрите на Советот на Европа на 14 ноември 2012 година [2], ЕКРИ, испрати, најдоцна две години по објавувањето на секој негов извештај, порака до владата во однос на она што е направено во врска со спроведувањето на конкретните препораки за кои е побарано приоритет спроведување.

Во меѓувреме, ЕКРИ собира корисни информации. Врз основа на овие информации и одговорот на владата, се извлекуваат заклучоци за тоа како се следеа нејзините препораки.

Треба да се напомене дека овие заклучоци се однесуваат само на конкретните привремени препораки и немаат за цел да обезбедат сеопфатна анализа на сите случувања во борбата против расизмот и нетолеранцијата во земјата на кои тие препораки се однесуваат, во случајов Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

A1on

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија