Повикувал на насилство и омраза кон припадниците на ЛГБТ заедницата, скопајнец доби условна казна

Од:

Условна казна затвор во траење од една година му изрече Кривичниот суд на 30-годишен скопјанец, обвинет за ширење омраза кон маргинализирана група, коментирајќи објави на социјалните мрежи кои се однесувале на Парадата на гордоста.

Пресудата, како што информираат од Обвинителството, е изречена врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифатил дека делото кое му се става на товар го сторил во време, место и на начин како што беше опишано во поднесеното обвинение – односно дека од својот профил на социјална мрежа коментирал на објави кои се однесувале на организација на т.н. Парада на гордоста во Скопје, во кои повикувал на насилство и поттикнувал омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата.

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по поднесен Обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која лицето е осудено за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.

– Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото кое му се става на товар го сторил во време, место и на начин како што беше опишано во поднесеното обвинение. Врз основа на тоа, Судот ја утврди како неспорна фактичката состојба дека сега осудениот на 26.02.2022 година, преку компјутерски систем во јавноста ширел репрезентации на идеи кои поттикнуваат омраза против маргинализирана група. Од својот профил на социјална мрежа, 30-годишниот скопјанец коментирал на објави на еден информативен портал, кои се однесувале на организација на т.н. Парада на гордоста во Скопје. Во коментарите повикувал на насилство и поттикнувал омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација, се вели во соопштението од Обвинителство.

За стореното, Судот го огласи за виновен и му изрече казна затвор во траење од 1 година, која нема да се изврши доколку за време од една година од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Од ОЈО Скопје информираат дека активно го следи постапувањето во предмети за заштита од омраза и дискриминација, за што е назначен посебен јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана