„Еко-живот“ од Кавадарци во меѓународен проект за заштита на животната средина

Од:

Регионалното еколошко друштво „Еко-живот“ од Кавадарци беше дел од меѓународен проект за заштита на животната средина.

Претседателот на друштвото Роберто Паризов денеска појасни дека овој еколошки центар на проектот соработувал со програмата „Еразмус+“ од Романија.

– Оваа еколошка организација и член на Друштвото на екологистите на Македонија, во рамките на проектот, со свои претставници учествуваше и на меѓународниот семинар за зачувување и унапредување на човековата околина кој деновиве се одржа во Романија, рече Паризов.

Владимир Маневски, еден од основачите на друштвото и координатор истакна дека главниот акцент на семинарот бил „редуцирање, реупотреба, рециклирање”.

– Едукацијата од страна на предавачите беше со примена на видео материјали, интерактивна настава, како и настава во природа. Исто така во рамки на семинарот беа организирани и работилници, на кои учесниците практично ги запознаваа начините за реупотреба на веќе претходно користените добра. Целта на семинарот беше подигање на јавната свест и пренесување на искуства како да се редуцира употребата на природните ресурси, реупотреба на искористените добра, како и рециклирање на претходно селектираниот отпад, рече Маневски.

Здобиените искуства, додаде, екологистите како главен двигател, ќе ги пренесат на пошироката јавност, посебно на помладите генерации.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата