„Еко-живот” од Кавадарци со неколку проекти за заштита на животната средина

Од:

Да се испита загаденоста на почвата, да се влијае врз намалувањето на штетните ПМ 10 честички, отстранување на старите електрични апарати и истрошени батерии, помош при електроенергетска ефикасност за кавадарчани, се активностите предвидени со проектите на кои работат екологистите од Регионалниот еколошки центар „Еко-живот” од Кавадарци, а за кои синоќа информираше претседателот Роберто Паризов.

– Правиме напори конечно да се провери загаденоста на кавадаречката почва заедно со велешката, скопската и тетовската. Тоа е еден мошне значаен проект во кој како еколошко друштво, сме партнер на екологистите од „Вила Зора” од Велес. Со нив соработуваме и во активностите за подобрување на електроенергетската ефикасност во домовите на кавадарчани, а неколку семејства ќе добијат поддршка за инсталирање на сончеви колектори. Во акцијата пак за ослободување од старите електронски апарати и истрошените батерии, имаме поддршка од „Нула отпад”, појасни Паризов.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење