Еди Рама: Ниту војната не успеа да ги обедини Европејците

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама по Самитот за Западен Балкан изјави дека му е жал за Европската Унија и дека се надева оти ќе можат да ѝ помогнат.

„ Се обидов да им укажам на некои работи на состанокот и тоа ќе го споделам со вас. Добро и лошо е што сме овде, се чувствуваме добро затоа што сме Европејци и да се биде таму е нашата суштина, но јас се чувствувам лошо затоа што никој не не слуша тука.

Се наоѓаме во поделена куќа и загрижувачки е што и за време на пандемијата, која беше глобална, доведе до лоши последици. Дури ни пандемијата или војната не успеа да ги обедини Европејците. Од една страна, мислам дека направивме многу за да ја поддржиме идејата на Макрон, за да ја исполниме политичката цел.

Се надеваме дека ќе станеме членки во одреден момент. Би ценеле доколку оваа нова политичка заедница на Европа ни овозможи сите да бидеме заедно во една куќа, како едно семејство“, рече Рама.

Би можело да ве интересира

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

А1он

ВИДЕО Еди Рама збесна за време на пренос во живо: „Е*и се, е*и се“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Рама клекна на колена, па и го честиташе роденденот на Мелони

Горан Наумовски

Ковачевски вели работел законски, очекува непристрасна постапка од институциите

Катерина Ѓуровски