Рама исклучува дијалог со Иран: „Со терористи нема преговори“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за француското списание Le Point изјави дека Албанија цврсто го поддржува ставот на САД кон Иран, потсетувајќи дека Тирана ги прекинала дипломатските односи со Техеран по кибернападот во 2022 година.

Рама истакна дека Албанија има специфично искуство со иранските власти, посочувајќи го прифаќањето на околу 3.000 членови на иранската опозициска организација МЕК. Според него, токму овие околности ја обликуваат позицијата на земјата кон Иран.

Тој нагласи дека Албанија не се плаши од закани и потсети на историската традиција на земјата да дава засолниште на луѓе во неволја, како што биле Евреите за време на Втората светска војна и авганистанските граѓани по 2021 година.

Албанскиот премиер порача дека државата останува доследна на својата проамериканска и проевропска ориентација, поддржувајќи меѓународен дијалог, но со јасна црвена линија.

„Треба да разговараме со сите, освен со терористи како режимот во Иран“, изјави Рама.

Во меѓувреме, албанскиот парламент на 17 март усвои резолуција со која Иран се прогласува за „држава спонзор на тероризмот“. Во документот се најавува и прогласување на ИРГЦ и Хезболах за терористички организации. Резолуцијата беше поздравена од Израел, кој ја оцени како историски чекор.

Во интервјуто, Рама се осврна и на европската перспектива на Албанија, истакнувајќи дека земјата има јасна цел – членство во Европската Унија до 2030 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД ги прошири нападите врз Иран со таргетирање на мостови и пристаниште, Катар повторно под ракети

Катерина Ѓуровски

Пит Хегсет го провоцира Иран: Објави фотографии од американски маринци и испрати директна порака до Техеран

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“