А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Еден месец зјае дупката во која загинаа двајца браќа во Чаир, Обвинителството сѐ уште прибира докази

by Маја Илиевска-Пачемска01/07/2019 - 16:5901/07/2019 - 17:14774
Share0

Еден месец откако двајца браќа загинаа во канал за одвод кога врз нив се одрони земја, Основното јавно обвинителство Скопје се уште прибира докази за случајот. Јавен обвинител веднаш излезе на местото на несреќата, но од Обвинителството велат де сѐ уште се работи на случајот.

Добивај вести на вибер

„Основното јавно обвинителство Скопје прими писмено известување од Министерството за внатрешни работи во врска со овој настан. Притоа, од страна на надлежен јавен обвинител беа издадени повеќе наредби и насоки за прибирање на информации од различни институции заради утврдување на фактичката состојба. По комплетирање на целокупната документација, доколку бидат обезбедени релевантни докази за сторено кривично дело, Министерството за внатрешни работи е задолжено да достави кривична пријава до обвинителството“, велат од Обвинителството за „А1он“.

 

Дупката не е оградена ниту пак во близина е поставено какво било предупредување

Еден месец зјае и дупката во Чаир во која загинаа браќата. Не е оградена ниту пак во близина е поставено какво било предупредување. Купишта земја извадена од каналот како и бекатон коцките од паркингот на чие место е ископан каналот, стојат нечепнати.

Општина Чаир, истиот ден кога се случи несреќата, извести дека инвеститорот немал градежна дозвола за ископот и градежните работи биле почнати во сабота, неработен ден.

Од Државниот инспекторат за труд, кои исто како Обвинителството и полицијата увид направија веднаш по несреќата, не одговорија на прашањата од „А1он“ за резултатот од увидот.

Браќата загинаа на први јуни годинава, врз нив се одрони земја и ги затрупа во каналот

На први јуни Обвинителството соопшти дека несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување одводна канализација.

„Четири лица, татко, двајца синови и близок роднина, копајќи во близина на паркинг, ги поместиле плочките бекатон и ископале дупка за поставување на цевките. Во моментот кога во ископот се симнале три лица, се урнала дел од земјата која била околу ископот, при тоа затрупувајќи целосно две лица. Од настанатите повреди браќата, на возраст од 26 и 28 години починале на лице место. Третото лице, нивен роднина кој бил со нив во ровот бил делумно затрупан и се здобил со телесни повреди“, известија пред еден месец од Обвинителството.

cairDrzaven inspektorat za truddvjaca brakjakrivicna prijavamvrobvinitelstvoopstina cairzaginaa

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Две службенички од Основниот суд Куманово осомничени за злоупотреба на лични податоци и несовесно работење

Горан Наумовски05/03/2026 - 14:57

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен