Џафери во Пустец: Етничките заедници се мост за поврзување меѓу Македонија и Албанија

Од:

Во склоп на официјалната посета на делегацијата предводена од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, на Република Албанија, се оствари посета на општина Пустец.

Претседателот Џафери беше пречекан од страна на потпретседателот на општината, Андон Јани; претседателката на советот на округот Корча, Ана Веруши и советниците на општина Пустец.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изрази големо задоволство од можноста да ја посети општина Пустец и воедно ја истакна потребата од проширување на прекуграничната соработка, како потенцијален ресурс за инфраструктурен, економски и туристички развој. Исто така, тој нагласи дека етничките заедници се мост на поврзување меѓу двете држави и тие придонесуваат кон пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Албанија.

За време на средбата беа спомнати и позитивните напори од двете држави во насока на креирање на позитивна клима за подлабока соработка во областите од клучен интерес за двете држави. Позитивен пример е и неодамнешното одржување на заедничката седница помеѓу владите на двете земји, како и интензивирањето на заемните посети на високо ниво.

На крајот на средбата, беше истакнато дека општина Пустец е дел од Преспанскиот национален парк, кој заедно со околниот регион се природен бисер и богатство со огромен туристички потенцијал, што треба да биде заштитен, сочуван и промовиран од трите соседни земји, односно Република Македонија, Република Албанија и Република Грција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски