Џафери не смее да излезе од Македонија: Зошто собранискиот спикер не патува истовремено со претседателот

Од:

Само претседателот на Собранието, Талат Џафери од цел државен врв е присутен во Македонија откако шефот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и неколку вицепремиери и министри заминаа во Соединетите Американски држави.

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска попладне по македонско време во Њујорк ќе присуствува на отворањето на генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Предвидено е Пендаровски да се обрати на генералната дебата во петок, 22 септември. Доцна попладне по македонско време денеска шефот на државата ќе оствари билатерални средби со кралот на Јордан, Абдула Втори, и со претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидес, соопшти претседателскиот Кабинет.

-Во текот на денешниот ден претседателот Пендаровски ќе присуствува на работен ручек организиран од потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со лидерите на земјите од Западен Балкан. Вечерва претседателот Пендаровски ќе присуствува на прием организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, информира Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски ја предводи државната делегација во Њујорк во чиј состав, освен неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска се и вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во неколкудневна работна посета на САД која не е поврзана со Генералното собрание на ООН, е и премиерот Димитар Ковачевски кој е придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Иако не е строго наведено дека претседателот не смее да патува со премиерот, досега немало случај тие да заминат заедно на пат или да бидат надвор од земјава истовремено речиси цела недела.

Претседателот и премиерот според протоколите за патување на македонските државници сепак имаат различни овластувања, но не може да се случи шефот на државата и собранискиот спикер, во случајов Џафери, во истовреме да бидат надвор од земјата затоа што според член 82 од Уставот, првиот човек на Собранието го менува шефот на државата во отсуство на претседателот.

Во овој момент Талат Џафери е највисок државен претставник, а првиот вицепремиер Артан Груби е највисок функционер во извршната власт и тој треба да ја води денешната седница на Владата.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он