Џафери: Бугарија дава огромна поддршка за евроатлантските аспирации за Северна Македонија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов.

На средбата, двајцата соговорници го изразија задоволството за ратификацијата на Протоколот за НАТО во Бугарскиот парламент. Нагласена е одличната соработка меѓу Софија и Скопје во изминатите години, како и напорите на Бугарија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.

Претседателот Талат Џафери нагласи дека Република Северна Македонија е на сигурен пат кон НАТО, а државата посветено работи за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ и исполнување на неопходните реформи и задачи.

„Свесни сме дека ова не е лесен процес, но со сите сили и капацитети Собранието и Владата работат на постигнување на посакуваната цел“, рече Џафери. Тој ја нагласи неопходноста од соработка на сите политички чинители заради исполнување на обврските за добробит на граѓаните и на државата.

Бугарскиот премиер Борисов истакна дека Бугарија е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија, како во 2017 година со потпишување на Договорот за добрососедство и за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ во 2018 година, така и денеска кога Бугарскиот парламент го ратификува Протоколот за НАТО.

Во рамките на дводневната посета, претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна и со заменик-претседателот на Владата на Република Бугарија и шеф на дипломатијата, Екатерина Захариева. На средбата се нагласени пријателските и добрососедски односи меѓу двете држави. Захариева го изрази задоволството бидејќи Република Бугарија е меѓу првите држави кои го ратификуваа Протоколот за НАТО.

 

 

Би можело да ве интересира

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов

Ескалација на протестите во Бугарија, демонстрантите предизвикуваа тензии на улиците

Докторот Ненад Цоневски ќе одговара за „екстремна суровост кон животно“

Катерина Ѓуровски