Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Од:

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.

Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.

На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.

Би можело да ве интересира

Заев и Филипче: Со трансплантацијата на срце испишавме историја во кардиохирургијата

Ана Ололовска

Филипче: Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро

А1он

Сашко Јовев: Ова е круната на македонската медицина, имаме одлични тимови, продолжуваме да спасуваме животи

А1он

Жан Митрев: Благодарност до министерот Филипче, покажавме дека ги имаме сите капацитети и можности

А1он

Министерот Филипче на отворање на Балканскиот конгрес по урологија во Охрид

Уште една успешно изведена трансплантација на бубрези од починат донор

Ана Ололовска