Доктор Огнен Ивановски освои престижна награда за значаен придонес во областа на реконструктивната урологија во Италија

Од:

На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито-уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој се одржа во Торино, Италија, највисокото признание за најдобра видео презентација му беше доделено на д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија во Скопје.

Во фокусот на наградената презентација е ретка и комплексна хируршка процедура на генитална реимплантација и реконструкција, самостојно изведена од д-р Ивановски и документирана преку видео-снимка, направена во една од операционите сали на Клиниката. Ова е наедно прв видео запис во светот кој ја документира и детално ја објаснува оваа хируршката техника.

Пациентот е следен цели три години после операцијата, со одлични резултати и без значајни компликации. Помеѓу бројните пријави од водечки европски и светски експерти, трудот на д-р Ивановски беше избран и препознаен како најзначаен придонес во областа на реконструктивната урологија за 2025.

“Оваа награда за мене е поттик да продолжам со уште поголема посветеност во интерес на пациентите и развојот на науката.“, истакна д-р Ивановски по доделувањето на наградата.

Со ова признание, Универзитетската клиника за урологија во Скопје и нашата земја уште еднаш докажаа дека можат да бидат рамноправен партнер со најпрестижните европски и светски медицински центри.

Би можело да ве интересира

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Променливо облачно, со локален дожд