Двајца работници се извлекле од огнот во „Жито Битола“

Од:

Во моментот на избувнување на пожарот во поранешната фабрика „Жито Битола“ внатре имало двајца работници кои навреме излегле, изјави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Огнот избувнал на кровната конструкција, а во моментов го гаснат 27 пожарникари и 9 возила.

Градоначалникот рече дека објектот е во сопственост на „Ангро механизација жито Битола“, и опфаќа пекара, млин и силос. Општината побарала помош и од РЕК „Битола“, а нивно пожарникарско возило е тргнато кон местото.

Коњановски образложи дека станува збор за стар објект. Понудена е помош од Кавадарци, а разговарано е и со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Од МВР претходно информираа дека досега нема пријава за повредени лица.

„На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. До сега нема пријава за повредени лица“, информираа од МВР.

Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот.

Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија