ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинија меѓусебно за диктатура и лицемерие

Од:

Тони хартија, убаво спакувани во кутии, вака коалициската ДУИ влезе во Комисијата за труд и социјална политика за да се бори против законот за бранители предложен од нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ.

И наместо да се одблокира Законодавниот дом со тоа што ВМРО-ДПМНЕ законот  го поднесе во скратена постапка, сега работата дополнително се искомплицира и влезе во деловнички лавиринти.

ВМРО-ДПМНЕ  предложи да се да се ограничат дискусиите и репликите  за да може да се дојде до епилог.

За ДУИ ваквите барања се диктаторски, а  предложениот закон е антиалбански..

„Со ова се прави преседан, диктат, да не речам диктатура. Барањето за ограничување на дискусиите е недемократски потег на една пратеничка група“,рече Неџат Јакупи од ДУИ.

„Целта е да им се затвори устата на говорниците. Зборувај 10 минути, а потоа седни си, бидејќи ние имаме мнозинство и така сме одлучиле“,дополни Арбен Лабеништа.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија ваквите обвинувања од ДУИ, и ветија, како и да е законот ќе биде донесен.

„Не сме диктатори како што велите вие. Целта е да се интензивира работата на оваа Комисија. И тоа не е новост. Бидете сигурни дека Законот за бранители ќе биде донесен. Тој ниту е противуставен, ниту антиалбански, затоа што меѓу бранителите имаше припадници на сите националности“, рече  Веле Георгиевски.

Дополнителен проблем е што не се преведени сите поднесени амандмани, затоа ДУИ побара прекин на седницата.

„ 15.000 сте ги предале на македонски јазик. Сте се умориле доста со пишување“, рече Беким Фазлиу од ДПА.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека во Деловникот сѐ е јасно, и оти барањето на ДУИ за одложување  е лицемерно.

Расправата е одложена. Амандманите ќе се преведуваат,  а  Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе треба да пресече дали е деловнички ограничувањето на дискусиите.

Фото:Утрински весник

Би можело да ве интересира

Османи презентираше осум мерки за образованието

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, ДУИ е криминалната коалиција на злото

Османи: Меџити губи со 10 отсто разлика, затоа фабрикуваат афери

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината