ДУИ го овласти Ахмети да преговара со сите политички партии од двата блока , освен со оние кои се против евроатланскиот курс

Од:

Централниот одбор на ДУИ го овласти партискиот претседател, Али Ахмети, да преговара со сите политички партии од двата блока, освен со тие што се против евроатлантскиот курс, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи по завршувањето на состанокот во Тетово.

„Едногласно Централниот одбор го овласти претседателот Ахмети да продолжи да разговара со сите политички партии, како важен и одлучувачки фактор по парламентарните и локалните избори, а со цел да се задржи прогресивниот пат и евроатланскиот курс на државата. Овластувањето се однесува на разговори со политичките партии со двата блока, освен оние кои директно се против евроатланскиот курс и против стратешките интереси на граѓаните и на државата. Со тоа овластување кое го има од Централниот одбор, Ахмети продолжува да разговара со претставниците на другите партии со цел да се одржи политичката стабилност“, изјави Бујар Османи.

Како што додаде, целта на преговорите е државата да оди напред, на патот кон реформите и во блиска консулатација со стратешките партнери.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ