„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

Од:

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија. Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на „Вреди“. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци, се вели во реакцијата на „Вреди“ на денешното соопштение од ДУИ.

„Ја потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата. Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите“, се вели во соопштението.

Претходно, од ДУИ изјавија дека денес се претставува почетокот на работите на преостанатиот дел од автопатот Скопје-Блаце, но дека ова е проект што бил осмислен, проектиран, финансиран и заштитен од владата предводена од ДУИ.

„Во време кога првичните студии оценуваа дека изградбата на автопатот не е економски оправдана, ДУИ донесе стратешка и политичка одлука, преку која Блаце- како главна порта кон Косово и дел од Коридорот 8 треба да биде поврзано со Скопје преку модерен автопат, а не преку обичен магистрален пат. За овој проект беа обезбедени 20 милиони евра грант од Европската Унија, беше подготвена техничката документација од американската компанија Hill, беа реализирани проектантските постапки за сложен терен со мостови, вијадукти и тунели, започна процесот на експропријација и беше обезбедено меѓународно финансирање за продолжување на изградбата“, пишуваше во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис