ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост поради флагрантното кршење на Законот за употреба на јазиците од страна на Владата без етнички легитимитет. Вчерашниот случај, во кој министерот за здравство, Азир Алиу, промовираше натпис во рамките на еден оддел на Институтот за јавно здравје само на македонски јазик, претставува јасен доказ за потценувањето на албанскиот јазик и за грубото кршење на важечкиот закон, се вели во соопштението од ДУИ.

– Иронично, во истата институција, за време на владеењето на Демократската унија за интеграција, натписите беа поставени на два јазика, во согласност со законот и со духот на институционалната еднаквост. Преку приложените фотографии, јавноста може јасно да ја види разликата: како е сега под оваа влада и како беше во периодот кога ДУИ се грижеше за спроведувањето на законот и почитувањето на албанскиот јазик во јавните институции.

ДУИ потсетува дека Законот за употреба на јазиците е јасен и задолжителен: натписите во јавните институции мора да бидат и на албански јазик. Затоа јавно прашуваме: што уште треба да се случи за албанските вазали во Владата да престанат да аплаудираат и да реагираат? Колку пати треба да се прекрши правото на употреба на албанскиот јазик за тие да сфатат дека нивното молчење претставува соучесништво? Демократската унија за интеграција ќе продолжи да ја осудува секоја намера за деградирање на правата на Албанците и секое прекршување на законот што ја гарантира јазичната еднаквост во државата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите