Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Од:

Случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби сè уште нема институционален епилог, иако јавноста со месеци очекува одговорност за аферата „Државна лотарија“,велат од ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ прашуваат кој има интерес постапката да се одолговлекува и дали некој се плаши од информациите што, како што велат, ги поседува Груби како „жива архива“ на ДУИ.

„Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби тешки 8 милиони евра во случајот ‘Државна лотарија’. Ова не е обичен предмет, туку едно од најтешките досиеја поврзани со системот на ДУИ, каде што политиката, бизнисот и власта биле ставени во служба на приватни интереси“, велат од ВРЕДИ.

Од коалицијата посочуваат дека јавноста има право да знае зошто случајот се движи „со полжави чекори“ и дали зад тоа стои политичка заштита.

Во реакцијата го споменуваат и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, потсетувајќи дека Груби претходно вработил негова блиска роднина, која подоцна била префрлена во АЕК.

„Граѓаните имаат право да прашаат дали ова е случајност или дел од мрежа што произведува заштита, молк и недопирливост“, наведуваат од ВРЕДИ.

Оттаму бараат институциите да постапуваат без селективност и предупредуваат дека секое одолговлекување на случајот дополнително ја нарушува довербата во правосудниот систем и европскиот кредибилитет на државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он