ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) објави документи од Агенцијата за катастар за кои тврди дека укажуваат на имотно-правна поврзаност меѓу поранешниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, и директорот на НОМАГАС, Недим Рама.

Според информациите што ги презентира партијата, во Имотен лист број 730 за Катастарска општина Лисец-Вонград како носители на право се наведени Ганиу и Рама, а двајцата се поврзани со парцела означена како 1/455 на иста локација.

ДУИ посочува дека за истата парцела е отворен и Лист за предбележување на градба број 1213, во кој како носител на правото е евидентиран Висар Ганиу. Според партијата, на парцелата се регистрирани седум објекти со намена „А4-3 – викенд куќи“.

Од ДУИ велат дека документите отвораат прашања за природата на односите меѓу Ганиу и Рама, начинот на финансирање на изградбата на објектите, како и за тоа дали имотите биле пријавени во анкетните листови и изјавите за имотна состојба.

„Ова не е политичко прашање, туку прашање на потекло на имотот, транспарентност и можен судир на интереси кај лица кои извршувале или извршуваат јавни функции“, наведуваат од партијата.

ДУИ ги повика Државната комисија за спречување на корупцијата, Финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Јавното обвинителство да ги испитаат сите околности поврзани со сопственоста и изградбата на викенд-објектите.

Од партијата поставуваат и прашање дали зад политичката соработка во рамки на коалицијата ВЛЕН постои и приватно или деловно партнерство.

Засега нема јавно објавена реакција од Висар Ганиу и Недим Рама на наводите изнесени од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата