ДУИ демантира дека има договор за двојазичноста, вистината на средина

Од:

ДУИ демантира дека постигнале договор со ВМРО-ДПМНЕ за двојазичност.Од партијата на Ахмети ги негираат денеска објавените информации дека е усогласена двојазичноста и тоа не преку уставни измени туку со измени на Законот за јазиците. Во Законот би се пропишала поширока употреба на албанскиот јазик и во општините каде Албанците се помалку од 20 отсто.

Според информациите на А1он сепак вистината е некаде на средина, ставовите се пеглаат, но според интересот на одредени групи и се брифираат медиумите.

Притисоците од членството и на двете партии се големи, оние кои се „офајдиле“ од власта тешко ќе се откажат од привилегиите, без разлика на спротивставените ставови и воинствената реторика во изборната кампања токму по прашањето за двојазичноста.

Доколку ја прескокнат оваа стапица, тогаш кај Ахмети и Груевски останува уште еден жежок костен, а тоа е мандатот на СЈО.

ВМРО-ДПМНЕ беше децидно против продолжување на мандатот на СЈО, а ДУИ тврдеше дека СЈО треба непречено да работи до конечно разоткривање на криминалите што произлегуваат од прислушуваните разговори.

Она на што сега цврсто се држат старите коалициски партии е принципот коалиција и владеење на победничките партии.

На Груевски му остануваат уште шест дена да покаже дека обезбедил парламентарно мнозинство од 61 пратеник.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски