ДУИ: Ахмети нема да дозволи поради нечија туѓа цел, да им се одземат стекнатите демократски права на Албанците

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ), под раководство на Али Ахмети, денеска објави отпочнување со сеопфатна стратегија насочена кон поттикнување на исклучителен институционален и личен интегритет, додека решително се справува со корупцијата и спроведува сеопфатни процеси на ветинг. Оваа иницијатива ја нагласува непоколебливата посветеност на ДУИ за негување на вистинска мултиетничка демократија каде што еднаквите права и можности не се обични идеали, туку реалност за сите граѓани, особено за младите, велат од партијата.

„Со децении, ДУИ го води процесот на застапувањето за вистинското место на албанската заедница во соодветна демократска рамка. И покрај значителниот напредок, неодамнешните предизвици се закана со цел да ги поткопаат досегашните достигнувања, со обиди да се делегитимира гласот на застапникот на албанското мнозинство и да се еродираат веќе воспоставените права.

Се креира преседан и некој се обидува да ги фаворизира оние кои немаат легитимитет кај мнозинството Албанци. Како резултат на тоа, земјата се соочува со регресија и значајни предизвици, вклучително и напади врз идентитетот, јазикот и воспоставените права на Албанците, што претставува закана која може да го поткопа чувството на солидарност што албанскиот народ го изгради низ годините. Водачот на ДУИ Али Ахмети нема да дозволи поради нечија туѓа цел, да им се одземат стекнатите демократски права на Албанците, кои се темел на единството и стабилноста на земјата повеќе од две децении, ниту тоа да стане сериозна пречка за процесот на интеграција во ЕУ.

Нападите и обидите за репресија и дискредитација на ДУИ се силни затоа што ДУИ како единствен автентичен лидер во албанскиот блок и легитимен глас на Албанците, никогаш нема да се откаже од идејата за подобро утре со еднакви права на Албанците. Ова само ја зајакнува волјата за борба за еднаквост и правда, истовремено обезбедувајќи демократски, социјален и економски напредок за сите, со стратегија каде во првите редови на реформите ќе бидат луѓе со силен личен интегритет што ќе водат антикорупциска агенда и процесот на ветинг.

ДУИ како партија води со личен пример, првично спроведувајќи ја стратегијата на партиско ниво, а потоа продолжувајќи на национално ниво. Како дел од оваа стратегија, ДУИ воведува неколку клучни мерки за справување со корупцијата, решително отпочнување на процесот на ветинг и зајакнување на интегритетот. Сеопфатната стратегија на ДУИ ја нагласува цврстата посветеност на заштита на демократските вредности и подобрување на квалитетот на управувањето. Со справување со корупцијата и негување интегритет во политичките процеси, ДУИ има за цел да создаде општество каде сите граѓани ќе можат да се стремат кон посветла и поправедна иднина“, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

ВРЕДИ: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ

А1он

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски

Меџити: Време е Ахмети да се повлече

Горан Наумовски