ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање на Собранието на партијата во Бутел говореше за актуелните случувања во Албанија, нагласувајќи ја историската улога на земјата во поддршката на Косово и изразувајќи загриженост за последиците од последните протести врз албанската економија.

Ахмети истакна дека Албанија била клучен фактор во процесот на ослободување и развој на Косово, додавајќи дека без нејзината поддршка Косово немало да биде тоа што е денес.

Тој оцени дека актуелните протести ѝ нанесуваат сериозни удари на Албанија, особено во секторите туризам и инвестиции. Според него, туризмот, како главна гранка на албанската економија, е директно погоден од негативните кампањи и случувањата во земјата.

Ахмети посочи дека првите реакции и критики дошле од Грција, која, како што рече, го гледа албанскиот туризам како конкуренција. Тој исто така тврдеше дека поддршка за кампањата против Албанија доаѓа и од Белград.

„Некој може да каже дека Али Ахмети го брани Еди Рама. Не, Али Ахмети ја брани Албанија и му е жал за Албанија“, рече лидерот на ДУИ.

Тој предупреди дека политичката нестабилност може да ги одврати и домашните и странските инвеститори, нагласувајќи дека никој не вложува капитал во средина каде што постои несигурност.

„Кој се обидува да создаде несигурност во Албанија? Непријателите на албанската нација. Не велам дека луѓето што протестираат се непријатели, но паднале во замката на оние што сакаат да ѝ наштетат на Албанија и на албанскиот народ“, изјави Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опасна ескалација во Тирана, нови протести најавени за денеска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

Рама се закани: Ќе ги најдеме маскираните демонстранти, ќе ја платат штетата

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ