ДСКС ќе бара анализа на законите за вработување во јавниот сектор и на злоупотребата на дискреционото овластување при вработување

Од:

По анализата на 18-те случаи за непотизам при вработување од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница беше соопштено дека комисијата ќе се обрати до надлежните министерства со предлог да се направи анализа на законите што регулираат вработувања во јавниот сектор, со цел да се утврдат ризиците за влијанија и злоупотреба на дискреционите овластувања во процесот на вработување, за што ќе ги извести и Владата и Собранието.

– Како основна алатка за избор на кандидатите се користи интервјуто, не се утврдени критериуми за евалуација на личните и стручните квалификации на кандидатите, ниту има пракса за подготвување ранг листа. Имајќи предвид дека со законските акти не е утврдена обврска за усвојување процедури за спроведување на постапките за вработување, дискреционото право на одговорносто лице се користи во најголем број на случаите, појасни претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Додаде дека согласно законските акти, одбиените кандидати кои конкурирале на огласите добиле само известување дека се одбиени, без можност да се жалат, ниту да користат каков било друг правен лек.

На седницата беше потенцирано дека два од 18-те предмети се веќе затворени поради отсуство на елементи врз основа на кои може да се утврди влијание на носител на јавна функција во постапките за вработување блиски лица.

Се работи за Сара Александрова, ќерка на пратеничката Емилија Александрова, за вработување во Фондот за иновации и технолошки развој. Имено, таа никогаш ниту се јавила на оглас, ниту била вработена во Фондот. Вториот е за Лила Пекевска, сопруга на градоначалникот на Берово, за што не е утврдено влијание во постапката за вработување. Таа работела во училиштето на определено време од 2015 година и нејзиниот работен однос е трансформиран во неопределено време.

ДКСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор.

За два предмети ДКСК се уште чека податоци од МВР поради класифицираност на документите.

– За пет случаи не се потврдуваат наводите за влијание за вработување, потенцира претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Не се потврдуваат кај Цветан Велевски, брат на пратеничката Мира Стојчевска, за вработување на работно место бравар-кранист на опредлено време АД. ЕЛЕМ подружница РЕК Битола, кај Бесија Џафери, ќерка на Талат Џафери за вработување како референт за подготовка меѓународни тендери во ЕЛЕМ, потоа кај Кристијан Мисовски за вработување во Агенција за супервизија на осигурување – Скопје, Иљо Стојчевски, сопруг на пратениката Мира Стојчевска за влијание за унпрадување во командир на Шумска полиција во Берово. Потоа Надица Делкова, сопруга на градоначалникот на Неготино вработување во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Дисан.

Од извршената анализа, посочи Ивановска, во останатите девет предмети констатирано е дека во шест случаи има промена во актите за систематизација во смисла на наменско креирање на работни места непосредно пред објавувањето на огласите.

Во два случаи, објавениот оглас не е во согласност со условите утврдени со систематизацијата, туку со услови што ги исполнува кандидатот.

Статистички гледано вработени се 11 блиски лица на седум пратеници, две на двајца министри, три блиски лица на тројца градоначалници, сите остварени врз основа на Законот за работни односи, за основно образование, за административни службеници и Закон за внатрешни работи.

Најголем број на вработувањата седум во АД. ЕЛЕМ, по две се во основни училишта, во МВР, Централен регистар, едно во општина, едно вработување во МЗШВ, едно вработување во училишен дом, едно во МЕПСО, едно во Агенција за супервизија и едно вработување во Фондот за иновации и технолошки развој.

Ивановска напомена дека ова се првите 18 случаи, но ДКСК ќе излезе наскоро и 42-та случаи за вработувања отворени по сопсвена иницијатива и допрен глас.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму