ДСД: Санирана состојбата во студентскиот „Гоце Делчев“, во тек целосна реконструкција

Од:

Државниот студентски дом – Скопје по објавените информации во медиумите за урнат дел од плафон во ходник во студентскиот дом „Гоце Делчев“ денеска соопшти дека веднаш е интервенирано и е извршена санација на настанатата состојба, за којашто, се наведува во соопштението, „има индиции дека е намерно предизвикана, односно се работи за свесно и намерно уништување на инвентарот“.

Од Државниот студентски дом потсетуваат дека поради дотраеноста на студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден пред повеќе од четири децении, а во насока на унапредување на студентскиот стандард и капацитетите за сместување на студентите, започна процесот на темелна реконструкција на сите објекти во состав на домот, со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.

– Реконструкцијата се реализира етапно, во неколку фази и согласно предвидената динамика во акцискиот план. Првата фаза, која подразбира темелна реконструкција на блокот Б од аспект на градежните активности е целосно завршена, а во меѓувреме во тек е и набавката на опрема. Овој објект во текот на ноември ќе биде пуштен во употреба. Потоа ќе следи реконструкција и на другите блокови, мензата и партерот, за што веќе е избрана фирма која ќе ги изработи проектните решенија. Целосната реконструкција се очекува да биде завршена во текот на 2017 година, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

Орце Костов

ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

Орце Костов

ВИДЕО: Поранешен вработен ја запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

Орце Костов

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

А1он

Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Целосно реновиран студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Ана Ололовска