ДПА ја напушти лидерската средба: Одлуката е донесена, албанските партии се само декор

Од:

ДПА на Мендух Тачи ја напушти лидерската средба која се одржува кај претседателот Стево Пендаровски. На неа не присуствуваше лидерот Тачи, туку Орхан Ибраими и Фримзим Даути. Ибраими кој е поранешен пратеник рече дека ја напуштаат средбата бидејќи одлуките се донесени, а тие како албански политички партии, според него, се само декор на средбата.

„Ние денеска сме присутни на состанок поради сериозната состојба во државата. Предложивме што побрзо да се воведе вонредна состојба во земјава. Состанокот го напуштивме бидејќи мислиме дека како албански политички партии сме само декор во овие институции и оваа земја. Одлуките се донесени однапред од двете македонски политички партии“, вели Ибраими.

Лидерската средба на која се одлучува за одржување на предвремените парламентарни избори е во тек со останатите партии и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска