Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Од:

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.

Четириесет и шестгодишна жена е почината од убоди со нож пред куќата во која живеела во Кочани. Убиството се случи кога жената, инаку мајка на три деца, тргнала на работа. 59 годишниот маж, осомничен за убиството, со нож и нанел 40 убодини рани, починала веднаш.

МВР тогаш информираше дека во  6:15 часот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани, 59-годишниот У.Р. ја нападнал 46-годишната Танкица Младеновска при што со нож ѝ нанел повеќе убодни рани на телото, по што таа починала.

Медицинската екипа што беше повикана, констатирала над 40 убодни рани од кои жената починала на лице место Според проверки коишто се направени во Обвинителството и МВР, таа го пријавила напаѓачот со кој била во љубовна врска врска, во мај, за уцена, односно дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа ако не му даде пари.

По таа пријава е постапено, но немала пријави до Обвинителството за насилство или закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста од осомничениот.

Причина за нападот е изнуда на пари и закана со компромитирачки снимки што напаѓачот се заканувал дека ќе ги објави јавно. Заканите биле неколкупати биле пријавувани во полицијата и во јавното обвинителство во Кочани од каде жената барала заштита.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Германија: Жена е убиена на улица, убиецот избега

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали насилството е дел од стратегијата на Филипче, кој му даде „зелено светло“ на Акиов?

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Полицијата најави пријавa за вчерашниот инцидент на седницата на Советот на Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка

Горан Наумовски

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани

А1он