Достоинство на Стојанче Ангелов побара командна одговорност за убиството на Мартин Нешкоски кое се случи пред една година на прославата на изборната победа на ВМРО ДПМНЕ.
Како штоо изјави Стојанче Ангелов тој многу добро го знаел специјалецот Игор Спасов единствениот осуден за убиството и како што рече, неколкупати алармирал за растројството кое што го имаат сите учесници во воениот конфликт во 2001 година.
„Никој не понесе одговорност зашто ваков спрецијалец беше употребен за обезбедување на партиски митинг“.Потенцијални бомби се шетаат по улици. Дали треба да се случи уште едно вакво убиство за кончено некој да се свести“, праша Ангелов.