ДОМ и ЛДП остануваат дел од парламентарното мнозинство, не се за одржување на предвремени избори

Од:

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин заедно со лидерот на ЛДП Горан Милевски пред денешната средба во Владата изјави дека остануваат дел од парламентарното мнозинство и дека не поддржуваат одржување на предвремени парламентарни избори.

– И пред да започне кампањата, кога го формиравме движењето „Одлучно за промени“ кажавме дека сме дел од парламентарното мнозинство и дека мнозинството и Владата се стабилни и не поддржуваме одржување на предвремени парламентарни избори и формирање на ново парламентарно мнозинство бидејќи на Македонија и е потребна стабилност, се соочуваме со енергетска криза и се уште трае ковид пандемијата, рече Морачанин.

Прашана дали би биле дел од друго парламентарно мнозинство, Морачанин со став дека ниту имале такви преговори, ниту пак дека тоа е нивна идеја.

– Она што сакаме да го постигнеме е да се забрза процесот на реформи, да се интензивира борбата против корупцијата и да почнат пристапните преговори, рече Морачанин.

Додаде дека нема да инсистираат досегашниот премиер Зоран Заев да остане на функцијата затоа што тоа е негов личен став.

– Тоа е негов личен став од морални и етички причини. За нас е многу важно кои се визиите за новиот премиер и новата влада. Да видиме која е идејата и кои се очекувањата. Клучен момент се програмските определби на новата влада, за што ќе се залага и кои ќе бидат приоритетите, рече Морачанин.

Досегашниот премиер Зоран Заев вчера на прес-конференција објави дека поднесува оставка од премиерската функција и како лидер на СДСМ истакнувајќи дека ја презема одговорноста за лошиот изборен резултат. Денеска во Владата во тек е состанок со лидерите на коалиционите партнери.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот