ЛДП: За два дена над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!

Од:

За само два дена, повеќе од 10.000 граѓанки и граѓани ја потпишаа петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство! Оваа масовна поддршка е директна порака за власта и за сите оние кои со месеци бараа празни изговори, правдајќи ја својата незаинтересираност со некакви „недоработени решенија“ и „подетални анализи“.

„Додека парламентарното мнозинство во март го одбиваше овој закон и додека нивните коалициони партнери по телевизии оправдуваат „машки надзор“ и ги омаловажуваат жените, на терен се случуваат трагедии, а жртвите живеат во постојан страв. Народот во Македонија јасно покажа дека повеќе не прифаќа изговори што не држат вода! Техничката инфраструктура и уредите во системот за пробација веќе постојат – единственото нешто што недостасува кај власта е политичка волја да ги заштити човечките животи“ соопштија од ЛДП.

„10.000 потписи за 48 часа! Заедно УСПЕАВМЕ! Во март по втор пат ми го одбија предлог-Законот и ни се случи нова трагедија и нова жртва! Оваа петиција не е само бројка, туку народен ултиматум до Собранието и Владата веднаш да ги сопрат партиските калкулации и без одложување да го изгласаме законското решение за електронско следење на насилниците“, изјави Моника Зајкова, претседателка на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП бара електронски алки за следење на насилниците, Зајкова повика на потпишување петиција

Катерина Ѓуровски

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот