ДОМ: Да не се пропушти шансата дивите депонии и буништа во североисточниот регион да се заменат со современо управување со отпад!

Од:

ДОМ апелира до сите граѓани на североисточниот регион да покажат висока еколошка свест и одговорност и да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот, лоциран во општина Свети Николе, во месноста Мечкуевци.

„Не дозволувајте политиката повторно да упропасти добар еколошки проект! Уште од 2002 година преку различни проекти и донатори се обидуваме да изградиме барем една регионална санитарна депонија, но постојано во финалната фаза овие проекти се исполитизирани, финансиските средства не се потрошени, а ѓубриштата и натаму ја загадуваат животната средина. Да престанеме да се надмудруваме, туку да почнеме да работиме!“ апелираше Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на крајот на јавната расправа.

ДОМ дава силна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалниците во Источниот и Североисточниот плански регион во нивните напори низ транспарентна постапка да ги информираат граѓаните за придобивките од изградбата на регионалната санитана депонија близу Свети Николе. Иствремено, ДОМ апелира да се исполнат сите предуслови што ги поставува Европската Унија за конечно да може да се искорист грантот во износ од 35 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман