Пожар на депонијата „Краста“

Од:

Екипите на ЈП „Чистота и Зеленило“ со механизација сè на терен и се обидуваат да го изгасат пожарот кој избувна синоќа на депонијата „Краста“, соопшти денеска директорот на претпријатието, Сашо Томиќ. Тој информираше дека сите расположливи екипи се на депонијата и во текот на денот со затрупување на земја ќе се обидат целосно да го изгасат чадењето. Вчера интервенирале и кумановските пожарникари до едно возило од 20: 35 до 23:10 часот.

Депонијата „Краста“, лоцирана на регионалниот пат Куманово-Пчиња ќе стане претоварна станица од каде сметот од Куманово ќе се носи во Свети Николе, преку проект финансиран од ЕУ во кој се вклучени општини од североисточниот и источниот регион. Платформата на сметот пред извесен период беше затрупана со земја, израмнета што не дозволуваше да се шири непријатниот мирис и да се потпалува, како што беше пракса изминативе децении, што беше причина за постојани блокади од жителите на блиското село Пчиња кои бара нејзина дислокација. „Краста“ ќе стане збирна станица на која ќе се селектира отпадот и ќе се транспортира до регионалната депонија. Депонијата „Краста“ функционира од 1958 година и зафаќа површина од 12, 5 хектари. Тука се складира сметот на градот со над 100.000 жители.

Би можело да ве интересира

Ѓубре, ниска вегетација и стрниште горат во општините Битола, Бутел и Брвеница

Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор, активни нема, еден е под контрола

Ангелов: И јас укажував на слабостите, но состојбата е значително подобрена

Македонија е неподготвена за природни катастрофи, недостиг на пожарникари, опрема и стратегија

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола