А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Доктор од Кавадарци одел на работа, иако требал да биде во самоизолација

by А1он20/03/2020 - 16:081302
Share0

Доктор од Кавадарци не ги почитувал правилата за самоизолација и одел на работа, иако неговата ќерка се вратила од Италија на 6 март, информираат од обвинителството. И покрај упатствата дадени директно од страна на специјалист-епидемиолог дека целото семејство треба да биде во домашна изолација од 14 дена поради патувањето на нивната ќерка, докторот во периодот од 10 март до 20 март продолжил да оди на работа. На 10 март тој заедно со неговата ќерка правеле анализи на Одделот за микробиологија и биле во амбулантата за уво, нос и грло во Кавадарци.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци за случајот поднел Предлог за издавање казнен налог, за продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предлага на судот на обвинетиот да му изрече парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена во износ од по 45 евра во денарска противвредност.

 

Следете a1on на Youtube YouTube
doktorkavadarcikaznakoronavirus mkdojo

Би можело да ве интересира

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он17/08/2026 - 18:05

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:35

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Горан Наумовски04/08/2026 - 09:56

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Горан Наумовски04/08/2026 - 08:22

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Горан Наумовски03/08/2026 - 21:15

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски03/08/2026 - 20:0303/08/2026 - 20:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео