ДКСК: Функционерите во предизборието да ги почитуваат одредбите од законот за спречување на корупцијата

Од:

Во периодот на донесување на одлуката за распишување на претседателските избори не смее да се почне било каква изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови што не се редовни месечни исплати, а не може да почне ниту постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, информира Државната комисија за спречување на корупцијата.

Од Комисијата појаснуваат дека не може да се почне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

Не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови што не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори, а не може да се почне постапка за вработување нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции. Почнатите постапки треба да се стават во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.

Во периодот од 20 дена пред почеток на изборна кампања, па до завршување на изборот на претседател и до завршување на изборите за избор на градоначалник, не може да се одржуваат јавни настани по повод почнување на изградба или пуштање во употреба на објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти.

Под забрана за одржување јавни настани, велат од ДКСК, не се подразбира особено давање на јавна изјава на носител на јавна функција или кандидат за носител на јавна функција на митинг, интервју на медиум, дебата на медиум или одговор на новинарско прашање.

За потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста. Забрането е и вршење и обид за вршење притисок и заплашување на гласачи или членови на нивните семејства или ним блиски лица.

-Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го следи целиот изборен процес и во случаите на основи за сомневање дека се прекршува законот ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивното надлежно постапување. Непочитувањето на забраните утврдени во членовите 34 и 35 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и во членот 8-а и 8-б од Изборниот законик, Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги смета за одговорност на одговорните лица на државните органи и други субјекти, а во случај на констатирани прекршувања и злоупотреби ќе преземе соодветни активности и мерки согласно закон, велат од Антикорупциската комисија.

Во претстојниот период на спроведување на активностите со претседателските избори, како и закажаните предвремени избори за градоначалник на општина Охрид, градоначалник на општина Ново Село и градоначалник на општина Дебар, ДКСК согласно одредбите од новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси нема законски основ да дава мислења по доставени барања за мислења поврзани со начинот на постапување на министерствата, единиците на локалната самоуправа, фондовите, агенциите, дирекциите, јавните претпријатија, регулаторните тела, трговски друштва основани од државата и други институции основани од државата во текот на изборниот процес.

На првата седница на Комисијата апелираше функционерите, дали на државно или на локално ниво, да не бараат мислење за тоа дали одредена активност можат или не можат да ја направат. Антикорупциска, велат, не е надлежна да дава такво мислење, а Законот за спречување на корупцијата е кристално јасен, и само треба доследно да се применува.

Би можело да ве интересира

Спасовски бара од Антикорупциска да ги истражи обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против него

А1он

Ректорот Јанкуловски контра антикорупциската комисија: Не земам две плати, туку додаток на плата

Клиника Жан Митрев: Ја поздравуваме иницијативата на Антикорупциска, отворени сме за соработка

А1он

Антикорупциска ќе го испитува јавното приватно партнерство со Жан Митрев

Мери Јордановска

ВИДЕО: Васко Ковачевски и шест други директори на ЕЛЕМ ќе треба да платат казна бидејќи не поднеле анкетни листови

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Беџети кривично да одговара за платформите на Матка, предложи Антикорупциската

Кристијан Ландов