ДКСК бара да се раскине договорот за закуп и за Црвенковски

Од:

Барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, информира Државната комисија за спречување на корупција.

„Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата. За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели”, се вели во соопштението на Антикорупциската комисија.

И поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговиот претходник Бранко Црвенковски користат државни привилегии. Освен за кирија, Иванов и Црвенковски добиваат плати за тројца вработени, службено возило и возач.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) најави дека ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кои ги доби по истекот на мандатот.

Иванов тврди дека претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, манипулира со јавноста бидејќи, како што вели, просторот се изнајмува за 1.950 евра месечно, а не за 4.500 евра.

Би можело да ве интересира

Левица: Собранието ја избра послушничката на Цвета Ристовска на нејзино место во Антикорупциска

А1он

Катерина Зајковска e избрана за нов член на ДКСК

А1он

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ

Левица: Скандалозен избор на Зајковска за член на Антикорупциска – режимот на власт врши ротација на партиски послушници

А1он

ДКСК постапува во неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

А1он

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев