Дирекцијата за заштита и спасување доби донација од 10 илјади маски од РескЕУ

Од:

Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, во име на РескЕУ – заедничка европска резерва на медицинска опрема доби донација од 10 илјади заштитни маски од типот ФФП2.

Логистиката и транспортот ги обезбеди Романскиот генерален инспекторат за итни ситуации.

„Романија и Германија се домаќини на резервата РескЕУ и според тоа се одговорни за набавка на опрема, додека Комисијата финансира 100 проценти од набавката на маски и друга опрема. Ќе следат повеќе испораки“, пишува во соопштението од Амбасадата на Романија во Скопје.

Сите земји членки на ЕУ, Велика Британија за време на транзицискиот период и шест држави учеснички, вклучително и Северна Македонија и Црна Гора учествуваат во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

Путин ѝ испрати предупредување на Европа за рускиот гас: „Кој на друг му копа јама, самиот паѓа во неа“

ЕУ внимателно ги следи изборите во Србија – тие мора да бидат во согласност со меѓународните стандарди

А1он

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на „Старлинк“ за Украина

Дмитриев: Европа е во длабока енергетска криза