Димитров за упадот на Стоилковски: Ова ниво може да продуцира политичко насилство

Од:

Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ 1 Никола Димитров, денеска на својот Фејсбук профил реагираше за вчерашниот упад на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на неговата прес-конференција.

-Безобразниот упад на портпаролот на Здружението на мојата вчерашна прес-конференција веднаш го разбрав како обид за дефокус од клучните теми – правда и казнивост. Ако беа подготвени да измачкаат раце со крв и да нападнат институции само за да не одговараат, се разбира дека се подготвени да прават кловнови од себе. Но, ако убаво размислиме зад овој врвен примитивизам се кријат и многу други опасни пораки и за граѓаните и за земјата, напиша Димитров на Фејсбук.

Ќе не’ биде, ќе има правда за сите!

ДПМНЕ не само што бега од правдата, туку сака да го замолчи и говорот за правда! Така е кога ќе ги погодите во нервот. Нервозата е голема, поразот им се ближи. Ќе не’ биде, ќе има правда за сите!

Posted by Никола Димитров – Nikola Dimitrov on Вторник, 30 јуни 2020

Според него, ваквото поимање и практикување на политиката, кога битката се гледа низ личен судир и девалвација, кога идејата водилка е провокација на противникот, кога главното остварување е заедничко валкање во калта, во општества со олку силна поларизација може да биде исклучително опасно.

-Вчера многу пријатели ми велат – само јас сум имал нерви да останам смирен на тоа безобразие. Но, токму тоа ме загрижи. Зарем политичкото милје ќе го сведеме на тест за тоа кој има повисок праг на толеранција и почелични нерви!? Не зборувам тука само за тоа што на овој начин кампањата станува шунд и евтин театар на сметка на суштински обраќања до гласачите, туку на опасната порака што се праќа до поддржувачите од сите бои – дека ова „ниво“, што реално може да продуцира политичко насилство, не само што е дозволено туку е и поттикнато директно од партиски функционери.

Додава дека „оваа бесрамна согласност за бербатење на сопствениот политички образ само за да се фрли некоја валканица на лицето на противникот, го открива вистинскиот нивен лик – на насилство, примитивизам и регрес, на слугување, на себепонижување и копање во дното“.

-Мене ми е срам, јас како граѓанин сум навреден, што луѓе од овој сој, коишто во секое општество во 21 век се на екстремистичките политички маргини, кај нас денеска се во позиција да трчаат за сериозни политички функции. Затоа, ова не смееме да го дозволиме и да се залажеме да помислиме ова да го сведеме на обичен театар и на 2пуштете ги, тоа им е нивото“, пишува Димитров.

Димитров на крајот додава дека „одговорот треба и ќе го добијат на 15 јули во форма на масовна излезност и гласови за конечно да ставиме точка на оваа политичка беда“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски